29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем за вработување во Неготино

Саем за вработување во Неготино

saem vrabotuvanje 444

Неготино по Скопје е вториот град во Македонија каде се одржува саем за вработување на кој работодавачите и невработените можат да се запознаат со потребите на пазарот на трудот.

„На работодавачите им кажав да бидат реални во нивните барања и да ги понудат своите слободни работни места, а на невработените им нагласив дека барањето работа не значи седење дома и гледање телевизор, туку треба да одат на вакви настани на кои се согледуваат и понудата и побарувачката на труд“, изјави директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.

Од првиот саем кој се одржа во Скопје веќе се склучени нови договори за работа, па директорот најави дека наскоро ќе излезат и со конкретни бројки.

Во одговор на новинарско прашање тој истакна дека за вработување најбарани се техничките или инженерските струки, а најмногу ги има кадрите со завршено образование од општествените науки.

„Во Дрекслмаер досега се вработени околу 5.000 лица претежно од Вардарскиот регион, а се најавуваат и нови вработувања. Нови вработувања ќе има и во неколкуте други најавени инвестиции како Кофикаб, винарија и некои други“, нагласи Поповски.

Тој повика и понатаму да се користат мерките за самовработување преку кои од 2007 година наваму на државно ниво се вработиле преку 40 илјади лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП