28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРубљата падна на историски ниско ниво

Рубљата падна на историски ниско ниво

rubljijfkheiry3489

Рубљата денес падна на историски ниско ниво во однос на еврото и на доларот, продолжувајќи со губењето на вредноста, предизвикано од украинската криза и економските санкции.

Едно евро утринава изнесуваше 53,04 рубљи, со што е надминато психолошкото ниво од 53 рубљи од кое стравуваат пазарите и домаќинствата. Доларот порасна на 41,96 рубљи.

Рубљата од октомври паѓа на рекордно ниски вредности во однос на еврото и на доларот. Покрај тоа што со тоа се поттикнува инфлацијата што влијае на потрошувачката, падот на вредноста на домашната валута скапо ја чини и власта бидејќи Централната банка троши милијарди долари да интервенира за да се спречи понатамошното слабеење на рубљата.

Украинската криза која предизвика низа западни санкции кон Русија, поради нејзината наводна улога во овој конфликт, влијае на руската валута, која исто така е погодена и од падот на цената на нафтата.

Русија слабее и поради масовниот одлив на капитал поради украинската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП