25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ850.000 примероци на А4 ќе бидат повлечени поради проблеми

850.000 примероци на А4 ќе бидат повлечени поради проблеми

a4 audi

„Audi“ најави повлекување на дури 850.000 примероци од моделот „A4“ ширум светот, а причината за тоа се проблемите со воздушните перничиња. Поголемиот дел од погодените возила од овој отповик се продадени на германскиот и кинескиот пазар.

Во соопштението се наведува дека во моделите произведени по 2012-та година е вграден проблематичен софтвер кој понекогаш не ги активира воздушните перничиња.

Audi“ исто така објави дека проблематичните воздушни перничиња не ги произведува јапонската корпорација „Takata“, која поради истиот проблем предизвика голем број на повлекувања на возила на американскиот пазар.

A4-2-Medium

Околу 250.000 единици ќе бидат повлечени од Кина, 150.000 од Германија и околу 102.000 во САД.

Германскиот производител веднаш ги извести своите клиенти да ги доведат автомобилите во официјалниот сервис, каде за 20 минути ќе им биде решен овој проблем со инсталирање на нов софтвер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП