19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei со раст од 26% на продажбата во третиот квартал

Huawei со раст од 26% на продажбата во третиот квартал

huawei prih4

Најголемиот кинески производител на смартфони – „Huawei Technologies“, има продадено за 26% повеќе паметни телефони во третиот квартал од оваа година, во споредба со истиот од минатата.

Компанијата ја дуплираше продажбата на паметни телефони од највисоката класа во споредба со периодот јуни-септември 2013-та. За трите месеци компанија продала 16.8 милиони смартфони, или двојно повеќе во споредба со третиот квартал од минатата година.

Околу една четвртина од нив биле од средна и висока класа. Кинеската компанија е позната ширум светот со смартфоните од пониска ценовна класа, кои во голема мера се основата на тоа таа да е трет најголем светски производител.

Уделот на компанијата од светската продажба е 6.7%, или далеку зад тој на „Samsung“ и „Apple“. И покрај растот на продажбата на паметни телефони од повисока класа, „Huawei“ има сериозни тешкотии во пробив на американскиот пазар и на клучните пазари во Европа. Причината за тоа е слабото препознавање на брендот и загриженоста за безбедноста.

„Huawei“  претстави смартфон со сафир дисплеј, еден ден пред „Apple“ да го претстави долгоочекуваниот „iPhone 6“ во септември.

Буџетот за маркетинг и рекламирање на компанијата ќе се зголеми за најмалку 30% во 2015-та година во однос на планираните 440 милиони долари во текот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП