25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел бара дополнителни 1,7 милијарди фунти од Британија

Брисел бара дополнителни 1,7 милијарди фунти од Британија

padna-funtata

Велика Британија мора да уплати дополнителни 1,7 милијарди фунти (2,1 милијарди евра) во буџетот на ЕУ поради економските резултати кои беа подобри од очекуваните.

Оваа сума е добиена со новите калкулации на ЕУ, со кои се утврдува колку секоја земја одделно треба да придонесе врз основа на својот бруто национален доход.

Тоа значи додаток од една петина од годишниот придонес на Британија од 8,6 милијарди фунти.

Неименуван извор во британската влада изјави дека ова барање на ЕУ „не е прифатливо“, и дека Европската комисија не ги очекувала тие пари и дека тие пари не и се потребни, пренесува BBC.

Лидерот на Конзервативната партија Сајед Камал изјави дека Британија со ова е казнета поради своите мерки за штедење.

„Европската комисија ја казнува Британија поради тешките одлуки, поради усвојувањето на долгорочниот економски план и поради фактот дека е најуспешна економија во ЕУ. Во исто време ја наградува Франција бидејќи таа е економски беспомошен случај“, изјави тој.

Тој додаде дека премиерот Дејвид Камерон апсолутно е во право поради тоа што се противи на овој грабеж од ЕУ.

„Ова е нечуено и им штети на односите на ЕУ и Британија. Во вакви моменти, Европската комисија самата на себе си е најлош непријател“, изјави тој.

Дополнителната уплата ја побара статистичката агенција на Европската комисија, Еуростат, по анализата на економскиот резултат на земјите членки од 1995 година. Агенцијата ги прилагоди придонесите на секоја земја посебно во последните четири години врз основа на податоците за економскиот раст.

Според новата калкулација, од Британија и Холандија е побарано да платат повеќе, додека Франција и Германија ќе добијат попуст.

Дополнителната уплата треба да биде реализирана на 1. декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП