18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВладес ќе стане „ѓавол“!?

Владес ќе стане „ѓавол“!?

viktorce

Поранешниот голман на Барселона, Виктор Валдес може да се приклучи на Манчестер Јунајтед во јануари, откако беше поканет да тренира со тимот.

Поранешниот шпански репрезентативец се опоравува од повредата на коленото која го извади од учество од светското првенство во Бразил. Валдес скина внатрешни лигаменти на коленото против Селта во март и го пропушти остатокот од сезоната.

32-годишниот голман ја напушти Барселона како слободен играч во текот на летото и беше поврзуван со премин во Монако, но и во Ливерпул, каде Симон Мињоле лошо ја започна сезоната.

Сега, менаџерот на Јунајтед, Луис ван Гал му дава шанса да ја продолжи рехабилитацијата и да ја врати формата со неговиот тим.

Клубот потврди дека неговото закрепнување ќе се следи од медицинскиот тим на „црвените ѓаволи“ пред да почне со тренинзите со првиот тим, како увертира на потпишувањето на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП