25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook лансираше апликација за анонимнa комуникација

Facebook лансираше апликација за анонимнa комуникација

facebook-rooms2222

Најголемата социјална мрежа во светот, „Facebook“ претстави апликација за анонимна комуникација – „Rooms“.

Корисниците можат да комуницираат на одредена тема под псевдоним. Освен тоа не е задолжително да имаат профил на социјалната мрежа. Името на апликација на англиски значи „соба“.

Секој може да креира „соба“ за разговор во неа, за да ја направи достапна за сите, или да испрати покана за учество во неа.

Портпаролот на компанијата, Џош Милер објасни дека при користење на апликацијата можат да се менуваат имињата, учествувајќи во разни разговори. Во „собите“ исто така може да се објавуваат фотографии, видеа, да се изберат различни бои за распоред.

Програмерите, според Милер, се инспирирани од 90-тите години, кога на интернет имаше различни платформи за комуникација, кон кои беше можно секој да се приклучи анонимно и без регистрација.

Апликацијата е веќе на располагање на корисниците во САД и Велика Британија, но засега е достапна само за платформата „IOS“ од „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП