20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбал У-16: Македонија одигра нерешено со Романија

Фудбал У-16: Македонија одигра нерешено со Романија

fudbal

Македонската репрезентација составена од фудбалери до 16 години одигра нерешено, 3:3 против селекцијата на Романија во вториот меѓусебен контролен меч во комплексот “Куќа на фудбалот“.

Македонија губеше на полувреме со 2:0, но во вториот дел избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа на високо ниво и остварија позитивен резултат.

Гостинската репрезентација обезбеди предност од 2:0 во 30. и 32. минута со головите на Мезин Андреи и Александру Никусор.

Во 54. минута, Јани Атанасов го постигна својот прв гол за намалување на предноста на Романците, а истиот фудбалер го израмни резултатот.

Нашата доминација продолжи и резултираше со трет гол и водство во 65. минута кое ни го донесе Филип Стојчевски.

Романија успеа да израмни по само две минути со голот на Стефанита Раду.

– Ме радува тоа што покажавме дека можеме да се вратиме и по негатива од два гола на полувреме. Против Романија забележливи беа одредени наши недостатоци на кои во иднина ќе работиме, но исто така видовме дека имаме и квалитет и добри страни во играта, посебно кога функционираме како колектив. Задоволен сум од резултатот, но има уште многу работа за да го достигнеме нивото кое како стручен штаб го бараме, играчите мора да работат напорно и во клубовите, изјави селекторот намакедонската репрезентација, Вујадин
Станојковиќ.

Првата средба меѓу овие две селекции заврши 0:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП