29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLand Rover ја отвори првата фабрика во Кина

Land Rover ја отвори првата фабрика во Кина

kina land rover

Иако купувачите и љубителите на „Lаnd Rover“ и „Jaguar“ се навикнати нивните омилени автомобили да се произведуваат во Велика Британија, тоа сега засекогаш ќе се промени откога „Lаnd Rover“ ја отвори првата фабрика во Кина.

Новата фабрика во Чаншу е разултат на 1.8 милијарди долари вредната инвестиција во која „Jaguar-Lаnd Rover“ (JLR) ги здружи силите со локалниот производител на возила „Chery“.

Погонот се простира на околу 400.000 квадратни метри, а со полн капацитет ќе произведува 130.000 единици исклучиво за кинескиот пазар, кој со годишна продажба од преку 100.000 возила претставува најголем пазар на британскиот бренд.

Производството ќе започне со моделот „Evoque“, кој е меѓу најпопулраните модели на компанијата во Кина, а вкупно три модели ќе бидат во производство во овој погон.

Вториот поред ќе биде „Discovery Sport“, а третиот наскоро ќе биде објавен, а нема да претставува изненадување ако тоа биде „XE“ или следната генерација на „XF“.

Фабриката во Чаншу нема да биде единствениот странски погон, затоа што во 2016-та со работа ќе започне и погонот во Бразил, а во план е и една фабрика во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП