29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБилетите за мечот Македонија – Швајцарија со цени од 100 и 200...

Билетите за мечот Македонија – Швајцарија со цени од 100 и 200 денари

Handball-Europameisterschaft Tschechien - Mazedonien

Ракометната Федерација на Македонија утре ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот на машката сениорска репрезентација на Македонија со Швајцарија.

Билетите ќе бидат достапни за купување во продажната мрежа на МК тикетс и се со цена од 100 и 200 денари во зависност од трибината.

Натпреварот ќе се игра на 29 октомври во 17 часот и 45 минути во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Со дуелот против Швајцарија, Mакедонија ги стартува квалификациите за пласман на Европското првенство 2016 година во Полска. Покрај Македонија и Швајцарија, во истата група се уште и Франција и Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП