23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple -1 продаден за 905.000 долари

Apple -1 продаден за 905.000 долари

apple 1 kompjuter

Во Њујорк за 905.000 долари беше продаден еден од првите компјутери на компанијата „Apple“, пренесоа агенциите.

Компјутерот е од серијата „Apple -1“ и се наоѓал во работна состојба. Тој бил од првата серија слични уреди, а бил направен во текот на летото на 1976-та година, од еден од основачите на компанијата, Стив Вознијак. Тој и неговите соработници направија 50 такви компјутери во една гаража во Калифорнија. Таа им припаѓала на родителите на другиот основач на „Apple“ – Стив Џобс.

Apple -1“ е еден од првите уреди кој предизвикал револуција во областа на компјутерите. Во подоцнежна фаза биле создадени уште стотина уреди од истиот модел. Во 1976-та година тие чинеле 500 долари, а следната – 660 долари.

Првичната проценка на аукциската куќа „Bonhams“ за реткиот компјутер пред неговата продажба на аукција беше меѓу 300 и 500 илјади долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП