20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Пипита“ на пат кон „Енфилд“?

„Пипита“ на пат кон „Енфилд“?

pipita 243

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул подготвил понуда за напаѓачот на Наполи.

Според информациите кои ги пласираа „Metro“ и „Daily Express“, „црвените“ ќе се обидат да се засилат со Гонзало Игуаин.

По заминувањето на Луис Суарез од клубот, Роџерс реагираше на пазарот со доведување на неколку напаѓачи, но засега ниту еден од нив не го оправда статусот на засилување.

Проблем претставува и повредата на Даниел Стариџ, па поради тоа е и проценката дека мора да се реагира со доведување на „шпиц“ кој ќе постигнува голови.

Изборот падна на Игуаин, а раководството на Роџерс на располагање му даде 31.2 милиони фунти за реализација на овој трансфер.

Популарниот „Пипита“ и претходно беше актуелен на Островот, а најчесто беше поврзуван со Арсенал.

Наполи стартуваше лошо во Серија А, лидерот Јувентус по седум кола веќе има предност од осум бодови, а Аргентинецот се уште нема постигнато гол во домашното првенство. Медиумите на Апенининте веќе пишуваат за неговото незадоволство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП