20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајмалиот полнач за телефони

Најмалиот полнач за телефони

lg polnac

Компанијата „LG Elektroniks“ (LG) денеска го претстави најмалиот бежичен адаптер во светот, во рамките на светскиот конгрес за мобилни во Барселона.

Бежичниот полнач „WCP-300“ има само 6.9cm во пречник и дизајниран е за преносливоста да биде во прв план, а компатибилен е со стандарден микро УСБ.

„WCP-300“ користи технологија на електромагнетна индукција која создава магнетно поле кое ја генерира струјата и ја полни батеријата која се наоѓа на подлогата. Овој полнач е компатибилен за сите паметни телефони кои поддржуваат „Qi“ стандардите.

Мобилните телефони „LG Spectrum 2“ и „Nexus 4“ веќе поседуваат вградена поддршка за бежично полнење, со што се елиминира потребата за купување на посебни маски.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП