20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes S-Class ги соборува сите рекорди!

Mercedes S-Class ги соборува сите рекорди!

s rekordi

Германскиот гигант никогаш немал проблеми да најде купувачи за своите модели, во голема мера поради репутацијата која ја имаат нивните автомобили. Ниту светската криза не ги забавува, па на добар пат се да ги надмината рекордите по бројот на продадени автомобили.

„Mercedes“ со својата „S-Сlasѕ“ направи полн погодок. Моделот „W222“ на пазарот е нешто повеќе од една година и веќе е продаден во преку 100.000 примероци. Ова е најдобро темпо во продажбата за еден модел „S-Сlasѕ“, а со доаѓањето на купе, кабриолет, „Pullman“ и „Maybach“ верзиите, продажбата може само да продолжи да расте.

Нема никакви индикации дека стапката на раст на продажбата ќе се намали. Од почетокот на годината „Mercedes“ продаде 75.391 автомобили од „S-Сlasѕ“. Тоа е двојно повеќе отколку во истиот период од претходната година. За споменатиот модел „W222“ да стане најпродаваниот „Mercedes S-Сlasѕ“ на сите времиња ќе мора да се продаде во преку 500.000 примероци, бројка која ја оствари претходната „S-Сlasѕ“ во текот на својот период на пазарот.

Нормално, изненадување нема кога станува збор за најголемиот пазар во светот. Тоа е Кина, каде што завршува скоро секој втор автомобил од „S-Сlasѕ“. Кина не само што има најмногу сопственици на овие автомобили, туку повеќето од нив се помлади од 40 години, што е за околу 15 години помалку од просечниот купувач на „Mercedes S-Сlasѕ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП