24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал прв пат победи на „Енфилд“

Реал прв пат победи на „Енфилд“

real liver

Екипата на Реал Мадрид за првпат во својата историја успеа да слави против Ливерпул на „Енфилд“ откако синоќа во 3.коло од Лигата на шампионите со убедливи 3:0 го порази домашниот состав.

Во победата на актуелниот европски првак со два погодока учествуваше Карим Бензема, а прв постигна гол Кристијано Роналдо. Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.

И на другите средби од втората вечер од оваа рунда во ЛШ победа забележаа фаворитите, освен Јувентус кој загуби во Атина.

Постигнати резултати и табели:

А група: Олимпијакос – Јувентус 1:0, Атлетико Мадрид – Малме 5:0.

Табела: Атлетико Мадрид 6 бодови, Олимпијакос 6, Јувентус 3, Малме 3.

Б група: Ливерпул – Реал Мадрид 0:3, Лудогорец – Базел 1:0.

Табела: Реал Мадрид 9 бодови, Ливерпул 3, Базел 3, Лудогорец 3.

Ц група: Монако – Бенфика 0:0, Баер Леверкузен – Зенит 2:0.

Табела: Баер Леверкузен 6 бодови, Монако 5, Зенит 4, Бенфика 1.

Д група: Андерлехт – Арсенал 1:2, Галатасарај – Борусија Дортмунд 0:4.

Табела: Борусија Дортмунд 9 бодови, Арсенал 6, Галатасарај 1, Андерлехт 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП