28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуско-македонски бизнис каталог

Руско-македонски бизнис каталог

mak rus

Придонес кон развојот на успешни бизнис и туристички релации меѓу Москва и Скопје е целта и на четвртиот по ред Руско-македонски бизнис каталог насловен „По еден пат со светот Русија и Македонија“ во издание на Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност „Елита“, кој денеска е промовиран во Скопје.

Амбасадорот на Руската Федерација Олег Николаевич Шчербак изрази задоволство што промоцијата на четвртиот каталог се случува во време кога двете земји одбелужуваат 20 години од дипломатските односи и нагорна линија во соработката која има голем потенцијал за развој.

„Наша заедничка задача е ефиканско да го искористиме овој потенцијал, меѓу другото и преку динамично засилување на трговско-економските врски и создавање поволни услови за бизнис заедниците на двете земји. Оваа работа активно ја извршуваат владите на Русија и на РМ, рече амбасадорор Шчербак.

Директорката на Агенцијата за маркетинг и издавачка дејност „Елита“, Соња Михајловска истакна дека фокусот на четвртото издание на каталогот бил на верските и религиозните објекти.

„Овој пат дадовме посебен акцент на вредностите на верските и религиозни објекти. Сето тоа го надополнивме со колаж од природните убавини, ресурси и потенцијали на РМ. Се надеваме дека и овој пат ја продолживме идејата за создавање еден вид илустриран водич и презентер на стопанските субјекти и можните потенцијали кои ќе ја продлабочат соработката меѓу Руската Федерација и Република Македонија. Очекуваме дека вакиот приод ќе биде предмет на интерес на бројни читатели, бизнисмени, посетители и туристи“, рече Михајловска.

Според директорот на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев, каталогот е вистински амбасадор на Македонија бидејќи поттикнал желба кај многу руски бизнисмени за соработка. Тој посочи дека на последниот Саем во Русија Македонија преку МЗШВ беше претставена со 12 компании, кои вели, имаа одлични контакти и постигнаа одредени договори за извоз. Македонија може да одговори на одредени региони од рускиот пазар, но не и на целокупниот пазар.

„Немаме илузија дека можеме да одговориме на целиот пазар. Постојат региони кои ние ги таргетираме кои имаат меѓу два или четири милиони жители – потенцијални купувачи каде ние можеме да одговориме и со квалитет и со капацитет“, рече Бешлиев.

Трговската размена минатата година изнесувала 163 милиони долари со тоа што драстично, вели, е опаднат рускиот извоз во земјава, додека македонскиот извоз е континуиран и изнесува меѓу 32 и 36 милиони долари, со пораст во извозот на свежо овошје и зеленчук.

Директорот на рудникот „Саса“ во Македонска Каменица Максим Прохоров се согласи дека каталогот „По еден пат со светот Русија и Македонија“ ќе поттикне интерес и ќе донесе нови руски инвестиции во Македонија. Најави дека се разговара за нов инвестициски циклус за продолжување на векот на рудникот. Тој смета дека за руските бизнисмени ќе биде особено атрактивно создавањето на слободните финансиски зони, со оглед дека Македонија не е членка на ЕУ и не е оптеретена со некои ограничувања кои постојат во овој вид зони во Унијата.

Во однос на изградбата на крак на гасоводот „Јужен тек“ во Македонија, Сергеј Иноников директор на „Гаспром експорт“ – фирма ќерка на „Гаспром“, во завршна фаза се основните преговори со македонските власти и се надева дека оваа година ќе биде донсена конечна одлука за почеток на проектот.

Миладинов од Македонски енергетски ресурси потврди дека во тек е постапка за избор на изработувач на физибилити студија за кракот на Јужен тек во РМ, а во средината на идната година да биде изработена.

„Сметаме дека секој приклучок и довод на природен гас во Македонија е позитивен и оти тоа ќе го покаже и физибилити студијата“.

Издавањето на каталогот е поддржано од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, македонски и руски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП