29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе спојуваат телекомуникациските оператори Вип и ОНЕ

Се спојуваат телекомуникациските оператори Вип и ОНЕ

vip one

Телеком Австрија Групацијата објави дека договори спојување на својата подружница Вип оператор со компанијата Оне во Македонија која е подружница на Телеком Словеније.

Како што соопшти групацијата, Телеком Австрија ќе поседува 55 проценти удел во компанијата и ќе има целосна контрола врз новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словеније ќе задржи 45 проценти.

Договорот вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничкото вложување во рок од три години од затворањето на спојувањето. Затворањето на трансакцијата, меѓу другото, е предмет на потврда по спроведена детална анализа на Оне, што се очекува да биде финализирано до средината на ноември, кога и ќе бидат објавени повеќе информации. Исто така, спојувањето е предмет на одобрување од страна на надлежните институции во Република Македонија и се очекува затворање на трансакцијата во првиот квартал од 2015 година.

Оне е третиот по големина мобилен оператор во Република Македонија, со пазарен удел од 23,6 отсто и корисничка база од околу 528.000 корисници на 31 декември 2013. Во 2013 година Оне достигна приходи од 75.5 милиони евра и заработка пред камати, даноци, амортизација и депресијација (ЕБИТДА) од 14.4 милиони евра.

Телеком Австрија Групацијата нуди мобилни услуги во Република Македонија преку Вип оператор од 2007 година. Со пазарен удел од 28,1 отсто и околу 630.000 корисници на крајот на 2013 година. Вип оператор е втор по големина мобилен оператор во земјата. Приходите изнесуваа 65 милиони евра, а ЕБИТДА 14,7 милиони евра.

Со купувањето на Близу Македонија во јули 2014 година, Телеком Австрија Групацијата исто така нуди и фиксни услуги на македонскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП