19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен ентериер во Тел Авив (фото)

Луксузен ентериер во Тел Авив (фото)

titi1

Даниел Хасон е генијалецот кој стои зад овој фантстично дизајниран ентериер во Тел Авив, кој е многу блиску до брегот на морето…

Овој ентериер инспирира смирност и префинетост. Замислен е како еден голем простор, кој ги обединува дневната соба и другите простории, со цел повеќе да се отвори кон морето. Ѕидовите се заменети со стаклени панели, што на станарите им дава прекрасен поглед на морето, како и голема количина на природна светлина. Декорот се темели на „Armani“ и „Fendi Casa“ мебелот, кој е пропратен со интересни палети на бои, кои одат од беспрекорно бели до крем, златни и црни. Подовите по малку сјаат, а тоа го прави целиот ентериер по елегантен.

Деталите во овој ентериер играат клучна улога: богати текстури, долги завеси, контраст на црна и бела боја, сјајни плафони и подови – се е прекрасно комбинирано за да се претстави декорот на дефинираната хармонија и баланс.

Во спалните соби подовите се од мермер и во секоја соба се наоѓа голем и удобен кревет. Стаклените панели им дозволуваат на сончевите зраци лесно да се вовлечат во овој префинет простор. Бањата е една од најдобрите простории во овој дом, така што има совршен поглед на морето. Само релаксирајте се во кадата, додека ви се пружа прекрасен поглед во далечина кон сонцето кое како да тоне во морето. Немаат сите ваква привилегија да доживуваат вакво искуство секој ден…

titi2

titi3

titi4

titi5

titi6

titi7

titi8

titi9

titi10

titi11

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП