18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобриот сојузник во слабеењето

Најдобриот сојузник во слабеењето

boximage (14)

Омилениот цитрус ќе го зајакне вашиот имунитет, ќе ја направи вашата кожа блескава, но и ќе ви помогне да го изгубите вишокот килограми.

Доколку сте на диета, лимонот може да биде вашиот најдобар сојузник. Овој лековит цитрус може да ви помогне на неколку начини:

– Пектинот, кој се наоѓа во лимонот, може да ви го зголеми чувството на ситост и да ви го намали апетитот. Испијте чај во кој ќе додадете лимон пред оброкот и ќе го спречите прејадувањето.

– Пектинот исто така ја забавува апсорцијата на шеќер и глукоза во телото и со тоа спречува нагли промени на шеќерот во крвта.

– Лимонот е природен диуретик, му помага на телото да го исфрли вишокот на течности преку урината.

– Доколку ви е потребно брзо да изгубите неколку килограми пијте разблажен лимонов сон. Наутро пијте една голама чаша вода во која ќе додадете половина сок од лимон, малку алева пиперка и две лажици мед. Во останатиот дел од денот пијте половина литар вода со сок од два лимона. Повременото консумирање на овој напиток ќе го ублажи чувството на глад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП