28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen работи на развојот на новите верзии CC и Passat Alltrack

Volkswagen работи на развојот на новите верзии CC и Passat Alltrack

passat cc alltrack

Доаѓањето на новите „CC“ и „Passat Alltrack“ не е под знак прашалник. Според зборовите на главниот дизајнер во „Volkswagen“, Клаус Бишоф, новите „CC“ и „Passat Alltrack“ се во развојна фаза и ќе бидат дефинитивно дел од понудата во следните неколку години.

Ако се земат во предвид најавите дека моменталната генерација на „Volkswagen CC“ ќе остане во производство уште две години, тоа практично значи дека новиот „CC“ ќе го видиме дури на крајот на 2016-та година.

„Passat Alltrack“ би можел да пристигне малку порано, но од „Volkswagen“ не го открија точниот датум на претставување. Интересно е тоа дека „CC“ ќе биде достапен и на пазарот во САД, додека „Alltrack“ ќе биде достапен само во Европа.

Исто така, најавено е и тоа дека „Volkswagen Passat“ ќе добие и спортска верзија „R“. Се шпекулира и за тоа дека овој автомобил би можел да има шестцилиндарски мотор и погон на сите четири тркала „4Motion“.

Во секој случај, „Passat B8“ моментално е достапен во форма на седан и караван, но очигледно е дека во следните неколку години ќе се запознаеме и со атрактивниот „CC“, како и со „Alltrack“ и спортскиот „Passat R“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП