19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРаст на продажбата на компјутери во Европа

Раст на продажбата на компјутери во Европа

lapto

Според податоците кои ги објави компанијата „IDC“, испораката на персонални компјутери во Европа, Средниот исток и Африка достигнала 23.7 милиони примероци во третиот квартал.

Тоа е за 10.4% повеќе од една година претходно, а продолжува и растот од претходниот квартал кој следуваше по релативно долготрајниот пад. За растот најзаслужни се разивените пазари во Западна Европа на кои дојде до голем раст во продажбата на компјутери, односно вкупен раст на испораките за 22,7%.

Од друга страна во Источна Европа, која и натаму е под влијание на нестабилната економска и политичка ситуација, испораката на компјутери забележа пад за 9 проценти во однос на истиот период од пред 12 месеци.

На подрачјето Среден исток и Африка испораката на компјутери забележа скромен раст од 2,1%.

Генерално испораката на лаптопи порасна за 13,5%, додека десктоп компјутерите забележаа раст од 5,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП