19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАпликација која со помош на камерата решава математички задачи (видео)

Апликација која со помош на камерата решава математички задачи (видео)

matematika aplikacija

Радувајте се, на проблемите им дојде крајот! Конечно се појави апликација која со помош на камерата на паметните телефони нуди решение за сите ваши проблеми – задачите по математика.

Конечно апликација која навистина ќе го направи животот полесен, затоа што ги решава сите математички задачи, само со едно притискање на камерата на Вашиот смартфон!

Доколку сакате да го видите решението на некоја задача, се што треба да сторите е да ја насочите камерата, а хрватската апликација „PhotoMath“ ќе го прикаже решението и сите чекори кои водат до решението. Тоа е првата апликација во светот која нуди ваква помош при учењето.

Апликацијата „PhotoMath“, на хрватската компанија „PhotoPay“, беше претставена вчера на завршницата на „startup“ натпреварувањето во склоп на конференцијата „TechCrunch Disrupt“ во Лондон.

Со цел да ги реши математичките задачи, „PhotoMath“ ја користи камерата од телефонот, односно корисникот едноставно треба да ја насочи камерата кон задачата и моментално ќе го добие решението на екранот на телефонот.

Целта на апликацијата е да биде корисна алатка за учење, затоа што ги прикажува и деталните чекори кои водат до решението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП