23 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.10.2014

Дневен хороскоп 21.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Напорен ден за вас ако по секоја цена сакате да направите нешто што ги надминува вашите финансиски способности. Ако се занимавате со научни истражувања, денес ќе доживеете голем успех. Се трудите да им бидете од корист на оние кои сметаат на вас. Во рамките на семејството сте премногу дарежливи и подготвени да го направите она што сите го очекуваат од вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Најверојатно ќе ја обновите соработката со еден Рак. Верувате дека ќе ве прифати некој со кој во минатото сте работеле но сте имале одреени недоразбирања и потешкотии. Добро се согласувате со оние кои се амбициозни и имаат многу нови идеи и очекувате дека тие ќе ве подржат. Денес ќе разговарате за финансиската ситуација или за зголемување на приходите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ако планирате приватен бизнис за кој ви е потребна подршка од членовите на семејството или ви е потребен кредит, најверојатно ќе донесете одлука без да размислите доволно. Внимателно рамислете можно е да навлезете во замка. Послушајте го советот на партнерот, тој е вашата главна подршка.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Очекувате повик од некој Јарец, Риба или Рак. Денот е поволен за оние кои не сакаат да невлезат во некој бизнис за кој немаат никаква гаранција. Денот е посебно поволен за лица кои се занимаваат со бизис и кои и се посветени на кариерата. Не навлегувајте во расправија со околината.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денот е позитивен за вашиот знак без оглед со што ќе се занимавате. Имате голема потреба за истакнување и тоа не го криете. Внимавајте да не направите погрешна проценка на работата со која долго време се занимавате бидејќи сте малку невнимателни или недоволно толерантни кон колегите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Иако оставате впечаток на самокритично лице сепак не ги прифаќате советите од другите. Не сте подготвени да бидете реални во согледувањето на проблемот поради кој можеби сте пропуштиле некоја голема шанса да водите разговор за нешто што на долг рок би било во ваша корист. На некој му е многу важно да се сретне со вас, можно е да станува збор за некој Лав или Шкорпија.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Подготвени сте да направите нешто оригинално или да направите значителен пресврт во својата кариера. Имате потреба да се сретнете со пријателите кои долго не сте ги виделе. Добро се чувствувате во друштво на оние кои ги подржуваат вашите деловни планови, можно е да станува збор за една Девица или некој Рак. Подготвени сте да и се посветите на кариерата, особено ако работите во компанија која има многу вработени, па сакате да се истакнете.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можни се тензии на работното место. Некој ќе ве испровоцира, а вие недолично ќе го прикажете вашето најлошо мислење за сите. Денот не е поволен за расправии, затоа доколку можете сопрете се и премолчете. Можни се сериозни последици и губење на кредибилитетот. Можно е некоја Водолија да ви понуди помош.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некој сака да ве подржи во реализацијата на вашиот план но вие не сте подготвени да направите ништо за да се договорите со таа личност. Ако се занимавате со некоја работа која е поврзана со недвижнини, денес можно е да забележите голем успех. Љубовниот живот стагнира, потребна ви е реорганизација на емоциите и вистинските вредности.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Сакате да се соговорите со некој Рак, Водолија или Шкорпија околу работата за која всушност најмногу треба да се консултирате со некој Лав. Потребно е максимално да му се посветите на новиот свет за вас. Можно е да сте на прагот на големите пофати кои во иднина ќе ви донесат успех. Некои Риби ќе се обидат да ви го заматат планот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не се откажувајте од планот за работа со некои Близнаци или Лав. Ако имате врска со уметност, јавните професии или спортот, денес ќе имате возбудлив ден. Финансиската ситуација би можела многу брзо да се среди со помош на некоја Водолија со која отсекогаш добро сте се согласувале. Лавот може да ви позајми пари ако ви се потребни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

На некој сте му многу драги и тој се обидува да ви помогне што побрзо да се стабилизирате. Не сте во прилика премногу да се двоумите околу нешто што би можело да биде многу важно за вашата кариера. Не ги игнорирајте советите од некој Бик или Јарец бидејќи тие ќе ги подржат вашите потенцијали да доживеат остварувања. Во финансискиот поглед сте прилично неодговорни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП