20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната јахта Nautor Ti-Coyo (фото)

Луксузната јахта Nautor Ti-Coyo (фото)

hui1

Оваа луксузно и квалитетно опремена јахта со должина од 31,7 метри има поморска архитектура која ја конструираше славниот германец Фрерс, додека „Beiderbeck Design“ работеше на ентериерот.

Внатрешните простории на јахтата се многу пространи, со изобилство од врвни материјали употребени при градењето на целата јахта, но и уметнички дела кои се наоѓаат во самата јахта и кои придонесуваат за многу пријатна атмосфера.

Главната кабина претставува елегантна доза на пространост, модерна и суптилна комбинација на бои, но и модерни погодности кои се застапени.

Таа се отвара преку клизачките врати кон задната платформа на палубата и им овозможува на гостите истовремено да уживаат во внатрешниот и надворешниот живот на оваа луксузна јахта.

Што се однесува на екстериерот, бродот има широка палуба која е оделена на оперативни области, со што се обезбедува максимално ниво на безбедност и удобност за гостите на јахтата.

Конечно, тука е и адекватната опрема, како и големиот простор за пливање или едноставно уживање во прекрасниот поглед на океанот.

hui2

hui3

hui4

hui5

hui6

hui7

hui8

hui9

hui10

hui11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП