20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.10.2014

Дневен хороскоп 20.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Овој ден ќе ви донесе многу важни случувања во сферата на кариерата, особено во работата со некој кој е во подобра материјална состојба од вас или е на повисока позиција од вашата. Ве исполнува друштвото на лицето кое е подготвено да ви помогне во финансиски аспект.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можен е разговор со некој Јарец кој е во иста мера тврдоглав како и вие. Би требало да бидете поприлагодливи и поподготвени да ги прифатите своите одговорности во врска со нешто за што ги обвинувате другите. Се трудите да бидете практични и да не дозволите да ве понесат чувствата дека ви е нанесена неправда и веројатно ќе се договорите со некој околу таа работа. Можни се зголемени приходи.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате прилика да се смирите со некој кон не бил со вас фер или да воспоставите добра комуникација со некој кој во иднина може да биде ваш добар соработник. Не би требало да се нервирате поради некој кој не го заслужува вашето внимание и услуга. Внимателно со парите, премногу се расфрлате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Еден од напорните денови за вас и за амбициозните претставници од овој знак кој можат да добијат прилика да се смират со некој поранешен соработник. Може да станува збор за лице кои сеуште има обврски кон вас но се однесува како тоа да не е воопшто важно. Со добра тактика ќе постигнете многу повеќе.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Очекувате некоја парична помош, но не забележувате дека тоа се само лажни ветувања. Обратете се до семејството тоа ќе ви помогне. Овој ден е поволен да зачекорите подлабоко во кариерата, можно е напредување. Проблемите денес ќе ги решавате веднаш и нема да размислувате за последиците. Вашето здравје е одлично, продолжете со физичките активности.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денешниот ден за вас е прекрасен, едноставно исполнет со среќа и љубов. Приредете му на партнерот некакво изненадување, уживајте во опкружувањето со пријателите и бидете заедно со семејството. Многу поволен ден за оние кои веќе се во врска, но и оние кои не се може да очекуваат нешто сериозно. Работните обврски може да почекаат за некој друг ден.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Бидете повнимателни со одлуките на љубовен план, бидејќи можно е да гледате на случувањата со розови очила. Хармонично ќе комуницирате со секого, дури и со лицата со терсене карактери, бидејќи со леснотија ќе ја бркате тензијата и ќе создавате услови за непречени дискусии. Ќе заведувате со шармантно изразување и попрефинети гестикулации.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекуваат големи тешкотии на работен план во следниов период. Задоцнивте поради работите кои не сакате на време да ги видите и сега немате излез од оваа криза. Упатете се кон одредени луѓе кои знаат да ве советуваат. Само во тој случај ќе успеете да дојдете до нови решенија и складност помеѓу соработниците.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се обидувате да завршите што повеќе работи, особено кога станува збор за соработка со некој Јарец, Бик или некој Рак. Практичната стана на вашата личност е во прв план и ве прави подготвени максимално да им се посветите на своите интереси. Се плашите дека некој би можел да ви приреди непријатно изненадување кое се однесува на вашите финансии или на вашата работа. Сакате да добиете на време кога станува збор за донесување на некои важни одлуки.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можеби си мислите дека само на вас ви се случуваат непријатни ситуации и незгоди, но не е така, само вие премногу емотивно ги доживувате. Финансиските проблеми дополнително ви прават проблеми, не ги обвинувајте другите за тоа, побарајте нешто плус од кое ќе земате дополнителни парични средства. Здравјето ви се подобрува, обрнете внимание на исхраната.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Финансиските трошоци ќе ве потсетат да ја продолжите работата која сте ја започнале. Надворешните прблеми не се толку тешки за да ве спречат во постигнувањето на вашите цели. Но сепак сметајте на намалена концентрација. Одлично ќе се разбирате со колегите и претпоставените. Во љубовните врски односите се заоструваат, а слобоните треба да внимаваат со кого ќе започнат љубовна врска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП