29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот Blackberry сепак добро се продава

Новиот Blackberry сепак добро се продава

beri

Според Генералниот директор, Торстен Хајнс, продажбата на последната линија на паметни телефони на „ Blackberry“ се одвива со побрзо темпо од предвиденото, па така компанијата мораше да го зголеми производството.

Хајнс прецизираше дека компанијата нема да објави податоци за вредноста на продадените модели „Blackberry 10“, пред да биде сигурен дека тендецијата на раст е потврдена.

„Првите резултати се подобри од очекуваните, но нашите планови се многу амбициозни“, вели Хајнс, кој додава дека се изненадени од така добрата реакција на пазарот.

Канадската компанија РИМ, која ги произведува „Blackberry“, минатиот месец беше во сенка на успехот на „Apple“ телефоните и паметните мобилни кои користат „Google Android“.

Од компанијата се надеваат дека новиот модел ќе допринесе за подобрување на нејзиниот имиџ, но многу аналитичари се скептични во врска со капацитетот на раст, и покрај тоа што пазарот добро го прифати новиот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП