28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕХамбургер од 2.000 долари (фото)

Хамбургер од 2.000 долари (фото)

luksuz-fancy-delicious-najskuplji-hamburger-na-svetu_99

Најскапиот хамбургер во светот сега можете да го купите и во Лондон…

До неодамна единственото место каде што се послужуваше овој вид на екстравагантно јадење беше Њујорк, но лондонскиот „Honky Tonk“ ресторан сега му стана конкуренција.

luksuz-fancy-delicious-najskuplji-hamburger-na-svetu_2

Тие сега се сопственици на најскапиот хамбургер на светот кој е наречен „Glamburger“ и чини околу 2.000 долари. Значи „Honky Tonk“ ресторанот од Лондон го победи ресторанот „Serendipity 3“ од Њујорк во трката за најскапиот хамбургер во светот.

luksuz-fancy-delicious-najskuplji-hamburger-na-svetu_1

Што се однесува до овој скапоцен ручек, за цена од 2.000 долари добивате многу луксузен и уникатен оброк со најдобрите можни состојќи. Во неговиот состав е „Kobe Wagyu“ говедското месо во комбинација со новозеландско говедско месо. Тука е и црниот тартуф во комбинација со хималајска сол, додека лепчето е зачинето со јапонски „Matcha“ прелив кој се прави од зелен чај и кремаст мајонез. Во комбинација со канадскиот лoсос и иранскиот шафран, овој хамбургер како прилог има и сланина маринирана во сируп, Белуга кавијар и јајца од патка прелиени со листови од злато кои можат да се консумираат. На крај, хамбургерот е декориран со манго и пена од шaмпањ со бели тартуфи. Горниот дел од лепчето, исто така е прелиен со златни листови кои исто така може да се консумираат.

luksuz-fancy-delicious-najskuplji-hamburger-na-svetu_3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП