28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизведени половина милион примероци на А1 (фото)

Произведени половина милион примероци на А1 (фото)

a 1 500.000

Четири години по претставувањето на својот најмал модел, „Audi“ произведе 500.000 примероци од ова возило. Јубилејниот автомобил е изработен во фабриката на компанијата која се наоѓа во Брисел, а во која екслузивно се произведува „А1“.

„Audi A1“ имаше премиера на саемот за автомобили во Женева, март 2010-та, а до крајот на таа година пристигна во продажните салони ширум Европа.

a 1 500.0001

Верзијата „A1 Sportback“, со 5 врати, се појави кон крајот на 2011-та година, а многу бргу по неа и моделот со „quattro“ погон на сите 4 тркала.

„Audi“ на почетокот на 2014-та година ја претстави најмоќната „S“ верзија, која има 2.0-литарски „TFSI“ мотор со 231 ks (170 kW) и 370 Nm максимален вртежен момент.

a 1 500.0002

Моторот обезбедува „Audi S1“ со 3 врати од 0 дo 100 km/h да стигне за 5.8 секунди, додека за истото забрзување на моделот „S1 Sportback“ му е потребно 5.9 секунди. Максималната брзина на двете верзии е 250 km/h.

Јубилејниот 500.000-ти примерок на „A1“ има скромни перформанси со оглед дека е опремен со 1.4-литарски „TFSI“ мотор. „Audi“ не прецизираше дали станува збор за послабата верзија со 122 ks или помоќен бензинец од 185 ks, но е соопштено дека возилото ќе биде испорачано на купувач во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП