25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНов интерент сервис за индивидуална помош при учење „danaucime.mk”

Нов интерент сервис за индивидуална помош при учење „danaucime.mk”

da-naucime

Пред неполни два месеци на македонскиот интернет пазар се појави нов портал www.danaucime.mk, кој појде од императивот да им помогне на 11 проценти невработени подучувачи, преведувачи и негуватателки во Македонија полесно да најдат работа.

Да научиме е интерент сервис за индивидуална помош при учење со искусни подучувачи во домашни услови. Да научиме е веб страна која е замислена да ја опфати цела Македонија и нуди услуги меѓу оние кои бараат и оние кои даваат приватни часови. Потребата за овој тип на услуга во Македонија постои оддамна и постојано е во пораст. Се поголем е бројот на оние кои бараат одговорен приватен подучувач со кој би можеле да држат часови во домашни услови.

За сите регистриани подучувачи и невработени, Да Научиме ќе организира серија бесплатни обуки и работилници на теми поврзани со начините на предавање, формален и неформален метод, начини за како полесно да се совлада материјалот за кои сите би биле навремено известени. Првата обука е предвидена во средината на месец март.

Исто така се воведува и проектот „Научи да купуваш паметно”, за чијашто визија ќе добиете информации дополнително.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП