29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се облечете за работа

Како да се облечете за работа

obleka1

Во деловниот свет, облеката која ја носите понекогаш може да има поголемо влијание отколку што мислите.

Без оглед на тоа дали сакате да се дотерате, дали повеќе сакате да носите брендирана облека или парче облека кое во моментот не е шик, постојат одредени детали на кои секогаш мора да внимавате.

Брендирана облека

Со брендираната облека на другите им испраќате порака дека вие сте моќни и дека многу заработувате. Росини Рајкумар, автор на книгата „Communicate That!: Your Toolbox for Powerful Presentations“, вели дека треба да се внимава кога се носи брендирана облека, не смеете да си дозволите да бидете полуксузно облечени од вашите претпоставени.

Секогаш во тренд

„Кежуал стилот на облекување може да ви го попречи патот кон напредувањето, бидејќи со ваквиот стил на облекување можете да оставите впечаток дека ви е сеедно и дека не сакате да се трудите за работата“- објаснува Кет Грифин

Провокативно облекување

Со провокативното облекување можете да оставите многу лош впечаток, односно можете да си направите проблем и да бидете сватени спротивно од посакуваното. Длабокото деколте и кратките фустанчиња можат сериозно да и наштетат на вашата работа.

Старомодното (не) е добро

„Класичната облека, ако се носи правилно, ќе изгледа прикладно, а токму таквиот стил е соодветен за работа. Меѓутоа, ако класичната облека ви стои лошо или пак носите погрешен конфекциски брј, тоа ќе изгледа многу неуредно“ – вели Грифин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП