28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија денес ќе го раздолжи долгот од 175 милиони евра

Македонија денес ќе го раздолжи долгот од 175 милиони евра

evra

Денес Македонија ќе го раздолжи долготод 175 милиони евра, направен во 2009 година од достасаната еврообврзница. Со каматна стапка од 9,9 проценти на сметките на кредиторите од Британија, Швајцарија, Бразил и Австрија ќе легнат 183 милиони евра.

Парите ќе бидат вратени без никаков проблем и нема да имаат никаков негативен ефект врз девизните резерви. Еврообврзницата што Македонија сега ја враќа е една од двете издадени од државата, односно оваа година треба да исплатиме вкупно 257 милиони евра за враќање на старите долгови.

И гувернерот Димитар Богов веќе потврди дека отплатата е обезбедена, односно утре околу 50 милиони евра што како девизи ќе излезат од земјата повторно ќе се вратат во домашната економија, кај приватните пензиски фондови кои имаат купено дел од еврообврзниците.

Гувернерот Богов потенцираше дека дефицитот во платниот биланс веќе трета година е на ниво од околу три проценти од БДП, што е исклучително ниско ниво за земја како Македонија. Тоа ни овозможи да ги зголемиме девизните резерви на рекордно ниво од речиси 2,2 милијарди евра на крајот од 2012 година. Тоа е износ што овозможува безбедно враќање на достасаните обврски кон странство, истакна гувернерот Богов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП