29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДомашни бонбони кои ја отстрануваат болката во грлото

Домашни бонбони кои ја отстрануваат болката во грлото

IMG_6939-copy (1)

Доста ви од кашлањето, но и од хемикалиите кои ги внесувате во себе со цел да го надминете?! Многумина тврдат дека овие бонбони ги решаваат проблемите со кашлицата и болките во грлото за само неколку дена…

Без оглед дали станува збор за деца или возрасни, овие бонбони го олеснуваат овој проблем.

Рецепт за бонбоните против кашлање:

Состојки:

– 100 грама шеќер

– половина лажичка ѓумбир во прав

– 1 лажичка лимонов сок

– Силиконски калап, алуминиумска фолија или обична чинија (доколку немате калап) и обични чепкалки за заби

Подготовка:

Калапот премачкајте го со масло. Шеќерот ставете го во сад и загревајте го на тивок оган со константно мешање за да не загори. Кога ќе се растопи, додајте ги ѓумбирот и лимоновиот сок. Продолжете да варите уште неколку минути со константно мешање.

Смесата е готова кога ќе забележите дека добила златно-кафена боја, потемна од почетната. Ставете ја смесата во подготвениот калап и оставете ја во замрзнувачот околу половина час. Ако наместо бонбони сакате да направите лижавчиња, претходно во смесата забодете чепкалки.

Децата можат да изедат 2-3 вакви бонбони на ден. Многумина тврдат дека овие бонбони им помогнале да се ослободат од кашлицата и болката во грлото за неколку дена. Но, доколку после 2-3 дена не чувствувате подобрување, одете на лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП