29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити му дава на Серхио Рамос двојно поголема плата!

Сити му дава на Серхио Рамос двојно поголема плата!

serhio ramos 3590

Шпанските медиуми пишуваат дека шампионот на Англија е заинтересиран во своите редови да го доведе Серхио Рамос за кого подготвиле двојно поголема годишна плата.

Загрижени за својата дефанзивна линија, „граѓаните“ сакаат да се засилат со фудбалер од светска класа, каков што е Серхио Рамос.

Ветеранот Де Микелис, отпишаниот Матија Насташиќ, како и Мангала и Компани, како столбови во одбраната, се играчите кои на располагање ги има Мануел Пелегрини.

Загрижен за конкуренцијата во последната линија на екипата, Чилеанецот сака дополнително да се засили во текот на јануари, со цел на располагање да има доволен број на фудбалери со кои ќе се обиде да ја одбрани титулата во Премиер лигата.

Според тврдењата на шпанските медиуми, неговиот избор е Серхио Рамос.

Се шпекулира дека Манчестер Сити е подготвен да ја дуплира платата на Рамос, па така да го доведе на „Етихад“. Имено, Рамос во Реал Мадрид заработува 4.5 милиони евра, а „граѓаните“ најверојатно се спремни да му дадат дури 10 милиони годишно!

Инаку, договорот на Рамос со Реал истекува во 2017-та година, а сега веќе легендарниот фудбалер на кралскиот тим пред скоро десет години пристигна во Мадрид од Севиља за сума од 27 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП