29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМаркО - Вашето ново пријателче за комплетирање на секојдневните задачи

МаркО – Вашето ново пријателче за комплетирање на секојдневните задачи

poopolo

Македонското студио за развој на мобилни апликации, Codewell Unlimited (http://codewell.mk) работи на својот нов проект MarkO – Your smart task buddy that rocks (http://marko.rocks/).

MarkO е Вашето ново пријателче кое ќе Ви овозможи да ги комплетирате Вашите секојдневни задачи на вистинската локација и во вистинско време.

MarkO не е само обична мобилна апликација за комплетирање на секојдневните задачи, МаркО е Ваше интелегентно пријателче кое ќе Ви нуди паметни предлози за локацијата на која што сакате да ја завршите Вашата задача.

Следниот пат кога ќе сакате да купите млеко, МаркО ќе Ве потсети да го направите тоа, на начин што ќе Ви испрати известување кога ќе поминете во близина на било која продавница од која што можете да го купите млекото.

sad   saf

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Секако, доколку сакате ќе можете и да вметнете конкретна продавница.

Во моментов се изработува Андроид верзија на апликацијата која се очекува да биде реализирана до крајот на октомври. Во понатамошниот период ќе бидат изработени и верзии за iOS, Wearables и Google Glass.

Оваа недела се очекува Бета верзија на апликацијата, за која што сите заинтересирани може да се пријават на веб-страницата на МаркО –http://marko.rocks/ . Бидете меѓу првите пријатели на МаркО, кои ќе му помогнат на тимот да ја изработи најдобрата мобилна апликација за комплетирање на секојдневните задачи.

За потребите на МаркО минатата недела се работеше на неговото второ кратко промо видео, во кое што главни актери се: Слаѓана Вујошевиќ и Филип Трајковиќ. Видеото претставува кратка приказна во која е објаснет денот на еден млад пар и подготовките за нивниот вечерен состанок.

Дечкото, како корисник на апликацијата добива известувања од МаркО со предлог-локации за купување на саканите артикли, потребни за неговиот состанок со девојката.

На крајот на приказната и девојката станува корисник на МаркО, со што се става акцент и на другата значајна функционалност на апликацијата –Споделувањето на Вашата листа на задачи со Вашите најблиски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП