28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСреќно полнолетство Арсен!

Среќно полнолетство Арсен!

safe_image

Денешниот ден се одбележува како годишнина од пристигнувањето на Венгер на кормилото на лондонски Арсенал. На први октомври оваа година се одбележуваат 18 години, откако Французинот стана тренер на „топџиите“.

Кога на 01.10.1996-та година стигна во Лондон, англиската јавност беше повеќе од изненадена.

„Кој? Кој Арсен?“, беше еден од насловите кои можеа да се прочитаат во тоа време на „Островот“.

Изненадувањето го делеа и навивачите, но и фудбалерите на Арсенал. Критички настроен беше и капитенот на тогашната екипа Тони Адамс, кој на почетокот сметаше дека Французинот никако не ја заслужува клупата на клуб, каков што е Арсенал.

polnolestvo arsen

„Прво помислив – „Што овој Французин знае за фудбалот?“. Со своите очила повеќе наликува на некаков професор. Никогаш нема да биде добар како Џорџ Грејем. Дали воопшто знае да говори англиски?“, беше искрен легендарниот „топџија“.

Во својата прва сезона на чело на лондонскиот клуб, Венгер ја заврши сезоната на третото место без пласман во Лигата на шампионите, зад Њукасл кој имаше подобра гол разлика.

Со себе ги доведе Патрик Виеира, Реми Гард, а во втората сезона на клупата на Арсенал веќе стигна до титулата во Премиер лигата, покажувајќи им на критичарите дека, сепак знае што прави и дека го познава фудбалот.

polnolestvo arsen1

Со текот на годините на „Островот“ го доби прекарот „Професор“, благодарејќи пред се на својот став, пристапот кон медиумите и сериозниот пристап кон секој натпревар. Ненормално харизманичен, Венгер остана познат по својата работа со млади играчи, а многу од ѕвездите ги создаде токму тој.

Во светот на модерниот фудбал, Французинот и натаму се држи до традиционалниот пристап, се противи на играта која диктира финансиски напредок, на што во последниве години многу му се замеруваше.

Не се одлучува за троши многу лесно, истакнува дека во фудбалот не играат парите и дека големата потрошувачка никако не е гаранција за успех. Сепак, во моментот кога фудбалското време се мери во милисекунди и фактот дека Премиер лигата последен пат ја освои во сезоната 2003/04, е една од главните замерки на негова сметка.

polnolestvo arsen2

Минатата сезона Венгер го освои ФА Купот, потоа и Комјунити Шилд, сепак апетитите не се задоволени.

По три титули шампион на Англија, 5 трофеи во ФА Купот и 5 титули во Комјунити Шилд, како и во времето во кое се одвојуваше како тренер кој негува посебен, многу антрактивен стил на игра, ориентиран напаѓачки, навивачите се гладни за нови успеси.

Тоа што неможе да му се опрости е европскиот низ, во смисла пласман во Лигата на шампионите, каде Арсенал е редовен учесник повеќе од деценија.

polnolestvo arsen3

Реалноста во ова натпреварување, сепак, не ниту малку ветувачка.

На денот во кој тој влегува во своето фудбалско полнолетство, Венгер го дочекува турски Галатасарај во рамките на второто коло по групи во ЛШ. Првиот натпревар, гостувањето во Дортмунд, Арсенал го загуби, па поради тоа вечерашната средба, едноставно е императив.

Во конкуренција на германски, турски и белгиски тим, Венгер себеси несмее да си дозволи нови пропусти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП