20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNixie - Алка која лета и прави фотографии од височина (видео)

Nixie – Алка која лета и прави фотографии од височина (видео)

nixie

Беспилотно летало кое е поврзано на вашата рака, звучи доста бизарно, но откако ќе го погледнете видеото, овој мал „гаџет“ изгледа навистина генијално и посакувано.

„Nixie“ е концепт на преносна камера која може да полета од вашата рака и да се претвори во беспилотно летало кое се контролира со далечински управувач. Откако ќе полета може да направи фотографии и потоа да се врати кај вас.

Проектот е еден од финалистите кој се развива за натпреварувањето на „Intel“ (Make it wearable), чија цел е развој на нови преносни технологии. Целиот проект е уште во развој, па поради тоа изгледа малку грубо, но лидерот на тимот, Кристоф Кохстал на крајот сака да овозможи „Nixie“ да полета со едноставен гест со раката.

nixie-selfie-drone

Значи каде се наоѓа и откако ќе ја заврши својата работа, овој уред да се врати на вашиот зглоб, исто како паметен фото-бумеранг.

Нормално, авторите ги чека долг пат за да дојдат до уред кој едноставно ќе се користи, но и кој ќе знае каде треба да се врати, ако се наоѓа меѓу маса на луѓе. Но, со тоа што се најдоа меѓу финалистите, тие добија 50.000 долари и менторство и техничка поддршка (како чиповите „Intel Edison“).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП