16 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВеличествената вила Nikson во Невада (фото)

Величествената вила Nikson во Невада (фото)

nii1

Оваа величенствена вила, која скоро е реновирана со употреба на наjпрефинети материјали и стручни мајстори, можеби визуелно не е толку импресивна…

Но, таа има многу богата историја, со оглед на тоа дека е стара повеќе од 100 години. Изградена е во 1907 година во Невада за Џорџ Никсон. Низ годините таа била место за престој на многу познати личности, а во неа гости биле и бројни политичари и бизнисмени.

Сместена е во срцето на имотот од 2 хектари, а има површина од околу 2.000 квадратни метри. Се состои од осум спални соби и 14 бањи. Пространоста е нејзината главна особина – кујната има површина од 80 метри квадратни и има остава, пералница и магацин, 60’’ La Crue француски елементи, како и неколку машини за миење садови и фрижидери. Совршена за забави, формалната трпезарија со својот елегантен камин од махагони има доволно место за 80 лица, а декорирана е со феноменален кристален лустер. Грандиозната балска градина е совршено место за свечени настани, кои долго ќе се паметат.

Што се однесува до сместувањето, тука е главниот апартман во стил на палатата, со две бањи со мермерни елементи и поглед кон градината, како и седумте спални соби, од кои некои имаат камини и приватни балкони.

Без сомневање, овој имот е еден од најбараните во Невада, а во моментов е на продажба по цена од 20,5 милиони долари.

nii2

nii3

nii4

nii5

nii6

nii7

nii8

nii9

nii10

nii11

nii12

nii13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП