24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКаков ќе биде HTC M8 Life?

Каков ќе биде HTC M8 Life?

life htc

„HTC“ најверојатно се подготвува за лансирање на нов премиум смартфон, кој би требало да биде претставен до крајот на годината.

Телефонот наречен „HTC M8 Life“, се очекува во текот на четвртиот квартал од 2014-та, но засега не е познато дали оваа година ќе биде достапен и за купување.

Информациите од кинеските медиуми наведуваат дека „HTC M8 Life“ ќе има моќен четиријадрен процесор „Qualcomm Snapdragon 805“ со такт од 2.7GHz, а количината на „RAM“-от засега не е позната.

Уште една важна карактеристика на телефонот ќе биде 5.5-инчниот „QHD“ екран (2560 x 1440 пиксели).

Tука е и одличната камера од 18MP на задната страна, со автофокус, „LED“ блиц и оптичка стабилизација на сликата. На крајот, батеријата на телефонот е со капацитет од 3000mAh. Се очекува дека „HTC M8 Life“ би можел да пристигне со „Android L“ оперативниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП