20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 01.10.2014

Дневен хороскоп 01.10.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Деловните односи се во центарот на вниманието, а вие се обидувате да го поправите односот со некој кој ви бил исклучително драг, можно е да станува збор за некој Рак. Наредните неколку денови ви носат успех и можност да напредувате. Ако во меѓувреме со некој Бик или Рак сте влегле во расправија, не се грижете, ќе успеете да се договорите за сите важни прашања.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Станувате свесни за сите околности во чија рамка имате можност да се искажете и ќе бидете подготвени да прифатите разговор за нешто што досега не било тема на разговор. Практичната страна на вашата личност ќе дојде до израз по полно влијание на некој Рак или Јарец.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребно е да бидете сталожени во ситуацијата во која од вас многумина очекуваат успех или решение на проблемите. Не се двоумете да го повикате вашиот пријател или некој колега за да ви ги разјасни вашите дилеми. Верувате во можноста за добар исход од разговорот со некој Овен.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ви одговара позцијата на Месечината во Јарец за постигнување на договор со еден Лав, Бик или Вага. Се трудите да му се допаднете на некој кој во иднина може да ви понуди одлична соработка. Можно е да се работи за Овен или Водолија.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Разговорите со некој Јарец или Рак за вас можат да бидат многу стресни бидејќи нивното искуство ќе ви докаже дека многу грешите. Не смеете да бидете арогантни со оние од кои зависите. Можно е да навлезете во подолг период на кавги и недоразбирање, затоа не го кажувајте јавно вашето мислење.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Верувате дека некој Рак ви е наклонет и дека ќе биде спремен да ви излезе во пресрет, особено кога станува збор за работата, финансиите или пак уметноста. Некој ќе ви најави нова можност за нова работа која можете дополнително да ја работите, прифатете го предлогот, ви претстои успех.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Верувајте во себе и покажете им на сите дека знаете што сакате, многу лица ве советуваат да постапите спротивно на она што го сакате. На сите раскажете им ги своите планови и уверете ги во вашите прецизни анализи и планови. Многу сте енергични при решавањето на семејните проблеми. Внимавајте на кого ќе го повишите тонот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се обидувате да реагирате на нечии деловни понуди, го давате максимумот, но работата некако се движи во обратен правец. Не очајувајте вие не сте виновни за тоа. Ќе добиете интересен повик или порака. Обрнете им повеќе внимание на долгогодишните пријатели.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Примерите од околината во кои е прикажано како на најбрз можен начин се заработува голема количина пари не треба да ги применувте во вашиот живот. Постои можност да имате правни проблеми, затоа тргнете се настрана од нечесните зделки. Ќе ви недостасуваат финансиски средства, а незадоволството во вас непрекинато ќе расте.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имајте доверба во оние кои се обидуваат да ве убедат во нешто што е во ваш интерес. Верувате дека сте на правиот пат да ја освоите довербата на некој кој би можел да биде ваш долг соработник. Ве очекуваат изненадувања на љубовното поле, внимавајте како ќе реагирате.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе имате проблеми со здравјето кои сериозно ќе го загрижат вашето семејство. Променете ги животните навики и ќе успеете да го надминете тоа. Доколку спаѓате во групата на оние кои внимаваат што внесуваат, тогаш можни се појави на главоболка. Работните задачи ќе ви бидат завршени навремено, а тоа ќе биде забележано од вашиот шеф кој ќе ве награди за тоа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Родените во последната декада имаат неповолно влијание од Сатурн, особено ако тие се тврдоглави и прилично нереални во сферата на финансиите. Ќе планирате некои бизниси за кои реално немате пари, а тоа на околината ќе и остави погрешна слика.Некои драги лица ќе ви се налутат поради алчните постапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП