20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWindows 10 е новиот оперативен систем на Microsoft (видео)

Windows 10 е новиот оперативен систем на Microsoft (видео)

win 10

На настанот во Сан Франциско кој се одржа зад затворени врати, софтверскиот гигант „Microsoft“ го претстави својот нов оперативен систем. Тој се нарекува „Windows 10“.

На прашањето зошто по број „8“ директно е број „9“, Џо Белфор одговори дека корисниците ќе дознаат самите зошто, кога ќе се запознаат со „Windows 10“, а Тери Мајерсон се пошегува дека „најдоброто име за новиот оперативен систем ќе биде „Windows 1“, но такво веќе имало“.

Техничките карактеристики на системот ќе станат познати подоцна во октомври, а официјалното пуштање во трговската мрежа се планира за следната година. Претставници на компанијата изјавуваат дека „Windows 10“ ќе работи на широк спектар на уреди, па тој ќе биде најповолен за корпоративните корисници.

Windows 10“ ќе го продолжи започнатото унифицирање на различните производи на компанијата и ќе поддржува уреди од секакви категории на производи – телефони, таблети, компјутери, работни станици, итн. За различните типови производи ќе има различен кориснички интерфејс, но сите тие ќе имаат пристап до една продавница за апликации.

„Metro“ апликациите (дистрибуирани во „Windows Store“) веќе се нарекуваат универзални и ќе работат и во традиционалниот десктоп во посебен прозорец. Мобилните апликации работат во самостојна единица и ќе можат да се користат заедно со класичните.

Се очекува новиот систем да го има веќе добро познатото, кое исчезна за некое време во „Windows 8“, копче „start“. Порано „PC World“ соопшти дека новата верзија ќе е бесплатна за носителите на лиценци за „Windows 8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП