19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманската Commerzbank под американска истрага за перење пари

Германската Commerzbank под американска истрага за перење пари

commerzbank3_18

Втората по големина германска банка, „Commerzbank“, е под истрага водена од американските власти поради кршење на прописите кои се однесуваат на перење пари, вели извор запознаен со ситуацијата.

Истрагата доаѓа во време кога „Commerzbank“е блиску до усогласување со властите во САД во рамките на втората истрага поради кршењето на ембаргото за работење со земјите кои се под санкции на Вашингтон, како што се Иран и Северна Кореја.

Се шпекулира дека „Commerzbank“ би можела да плати 600 до 650 милиони долари за усогласување.

Банката се соочува со обвиненија дека имала слаба интерна контрола со цел спречување на перењето пари. Американската Управа на федерални резерви (ФЕД) уште во октомври 2013 година и наложи на „Commerzbank“ да спроведе независна ревизија со цел зајакнување на мерките за спречување на перењето пари, откако се откриени „сомнителни“ активности во една од американските филијали на банката во периодот од мај до октомври 2012 година, наведува ФЕД.

Најголемата германска банка „Deutsche Bank“, исто така е под истрага на Вашингтон поради кршењето на американските санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП