25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Шпанија над 100 проценти од БДП

Јавниот долг на Шпанија над 100 проценти од БДП

spanija ilustracija

Јавниот долг на Шпанија ќе го надмине симболичното ниво од 100 проценти од бруто домашниот производ (БДП) наредната година, пред да почне да се намалува во 2017 година.

Четвртата по големина економија во еврозоната оваа година ќе ја заврши со долг од 97,6 проценти од БДП, за долгот во 2015 година да порасне на 100,3 проценти од БДП и на 101,5 проценти од БДП во 2016 година, пред да започне да се намалува во 2017 година, кога е предвидено дека ќе се намали на 98,5 проценти, се наведува во нацрт-буџетот на Шпанија за 2015 година.

Според прописите на Европската унија, јавниот долг не смее да ја надмине границата од 60 проценти од БДП. Шпанија пред појавата на глобалната финансиска криза во 2007 година имаше релативно низок јавен долг од 36,3 проценти од БДП. Долгот сепак, се зголеми по пукањето на балонот на пазарот на недвижнини, кој економијата ја воведе во длабока рецесија и остави милиони лица без работа.

Шпанија на средината на 2013 година излезе од двегодишната рецесија, а во вториот квартал од оваа година забележа поголем од првично очекуваниот економски раст од 0,6 проценти. Владата во Мадрид за оваа година предвиде раст од 1,3 проценти, во однос на падот на БДП од 1,2 проценти во 2013 година. Според нацрт-буџетот во 2015 година се очекува забрзување на економскиот раст на два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП