23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн и Јунајтед во битка за Родригез

Баерн и Јунајтед во битка за Родригез

Ricardo-Rodriguez-Manchester-United

Медиумите се повеќе потенцираат дека репрезентативецот на Швајцарија, Рикардо Родригез е пред трансфер во гигантот Баерн Минхен.

Јуниорот на Цирих веќе четвртата сезона како е играч на Волфсбург и си обезбеди статус на лидер во селекцијата на „волците“.

Највредната негова вештина е тоа дека може да игра подеднакво добро како краен дефанзивец, како и во срцето на одбраната. Рикардо има и реализаторски талент, а од почетокот на сезоната има 3 гола во 6 натпревари.

Токму овие квалитети го имаат импресионирано Пеп Гвардиола, кој е убеден дека Родригез ќе одговара идеално на неговата фудбалска филозофија. Евентуалната зделка се очекува по крајот на оваа сезона, а сумата што ќе биде платена за Швајцарецот ќе биде околу 15 милиони евра.

„Убаво е да слушнеш дека за тебе има интерес од големи клубови, но јас сум сконцентриран на следните средби на Волфсбург. За сето останато се грижи мојот менаџер“, изјави самиот Родригез, кој има договор со „волците“ до летото 2016-та година.

Во исто време од „Островот“ пристигнаа информации дека за Родригез сериозен интерес пројавува и менаџерот на Манчестер Јунајтед. Ван Гал ќе се обиде да му ги помати сметките на Гвардиола и да го купи Швајцарецот.

„Црвените ѓаволи“ во летниот преоден рок потрошија огромна сума на пари за нови засилувања, но во досегашните средби од превенството се покажа дека одбраната е нивната најслаба точка. Па поради тоа Ван Гал сака со квалитетен фудбалер да го засили овој дел од тимот, а во Родригез гледа одлична опција за таа цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП