25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии од Škoda Fabia Combi

Први фотографии од Škoda Fabia Combi

fabia karavan

Првите официјални фотографии на караван верзијата на новата „Fabiа“ се појавија на Интернет пред официјалната светска премиера која е закажана за авто-саемот во Париз.

„Škoda Fabia Combi“ го дели дизајнот со хечбекот, а двата автомобили стилски се разликуваат во задниот дел. Сепак, и тука разликите се минимални со оглед дека двата модели имаат идентични стоп светла и идентична форма на вратата на багажникот и задниот браник. На караван верзија долната ивица од отворот на багажниот простор е поставен пониско, па така може полесно да се натоварат крупни и гломазни работи.

fabia karavan1

Иако фотографиите од ентериерот засега не се достапни, нема сомневње дека дизајнот на внатрешноста ќе биде ист како кај „Fabiа“ хечбек.

Од истиот модел ќе бидат превземени и современите бензински и дизел мотори кои ги задоволуваат „Euro 6“ стандардите.

fabia karavan2

Палетата на бензинци се состои од 1.0-литарски трицилиндарски мотор и 1.2-литарска четирицилиндарска единица, а нивната моќ се движи во опсег од 60 ks дo 110 ks.

Дизел агрегатите имаат по три цилиндри и 1.3-литри зафатнина. Најслабиот произведува 75, а најмоќниот 105 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП