24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКака е најплатен фудбалер во MLS

Кака е најплатен фудбалер во MLS

kaka orlando

Поранешниот бразилски репрезентативец Кака (32) е новиот рекордер според заработката во американската професионална фудбалска лига „MLS“.

Според пишувањата на американските медиуми, Кака, кој стана член на новоформираниот клуб Орландо Сити, ќе заработува 7.1 милиони долари по сезона.

Досегашен рекордер беше англискиот ас Дејвид Бекам, кој во текот на петте години поминати во Лос Анџелес Галакси заработуваше 6.5 милиони долари.

Според податоците на Здружението на играчи во „MLS“, основната плата на Кака изнесува 6.6 милиони долари, а на тоа треба да се додадат и бонусите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП