19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГламурозна бања (фото)

Гламурозна бања (фото)

bbaa1

Интересниот концепт на ентериерот на оваа бања се базира на два принципи, мраз и оган, топлина и студенило…

Дизајнот на оваа гламурозна бања е дело на Баламатсиук Оксан. Играјќи се со огнот и мразот, дизајнерот овие две спротивности ги обедини во совршена хармонија. Атмосферата со мир и релаксација по напорниот ден, комплетно ќе ве опушти.

Во креацијата на оваа бања се користени луксузни елементи како кадата „Vitra Neon“ и бидето „Vitra Matrix“, како и многу други елементи и детали кои ја красат бањата. Каминот носи дополнителна топлина, а своето место го најде над кадата.

Таванот над кадата кој е дизајниран во форма на ноќно небо, одава впечаток дека ѕвездите светкаат додека вие се капете. Во близина на кадата се наоѓаат и две столчиња кои се украсени со меко крзно. Дрвената рамка околу кадата дава топлина и овозможува удобно чувство во бањата.

Ваквата гламурозна бања е идеалното место за уживање по напорниот работен ден…

bbaa2

bbaa3

bbaa4

bbaa1

bbaa5

bbaa6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП