25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМажите кои имаат деца се поуспешни во работата

Мажите кои имаат деца се поуспешни во работата

1197029-tata1

Мажите во сите професии имаат поголеми шанси за напредување откако тие ќе основаат семејство, а во предност се и во однос на жените и мажите кои немаат деца, покажа истражувањето на британската компанија YSC, спроведено на повеќе од 4.600 работници.

Работодавците сметаат дека татковството позитивно делува на ставот на мажите во однос на работата, па така тие ќе го зголемат својот ангажман и труд со цел да го обезбедат работното место и финансиската стабилност за своето семејство.

Од друга страна, чести се и општо прифатените предрасуди дека мајчинството им го одвлекува вниманието на жените од кариерата.

„Откако ќе добијат деца, мажите се доживуваат како хранители на семејството, па затоа надредените ги сметаат за поодговорни и им овозможуваат поголеми шанси за напредување“, објасни психологот Рајчел Шорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП