18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ5 причини да јадете костени

5 причини да јадете костени

roastchestnuts_68084_16x9

Пристигна есента а со неа и омилените есенски плодови – костените. Овој плод има многу богата нутритивна и енергетска вредност поради која им се препорачува на децата, спортистите, трудниците и старите лица.

Смирува

Костенот е богат со минерали, витамини Б-комплекс, како и витамините А и Ц. Тие се сочувани за време на готвењето бидејќи дебелата кора ги заштитува. Костенот содрши и калиум, фосфор, магнезиум, сулфур, хлор, бакар, железо и манган.

Полни со витамин Ц

Во споредба со другите јаткасти плодови, костенот се разликува по тоа што има понизок процент на масти, а поголем процент на скроб, дури двојно повеќе од компирот. Исто така, костенот е единствениот јаткаст плод кој содржи витамин Ц. Како оревите и бадемите, костенот на содржи глутен.

Совршен за бремените жени

Костенот е необично богат со фолна киселина, која обично се наоѓа во лиснатиот зелен зеленчук. Фолната киселина е неопходна за раст на клетките, синтеза на ДНК и нормалана работа на нервниот систем. Внесувањето на храна богата со фолна киселина помага при зачнувањето, а за време на бременоста овозможува правилен развој на фетусот.

Го чува срцето

Костенот е богат извор на мононезаситени масти, како олеинската и палмитинската киселина. Мононезаситените масти го штитат кардиоваскуларниот систем и помагаат при намалување на високиот холестерол.

Ја исфрла водата од организмот

Костенот помага при бубрежни и стомачни тегоби, а може да се користи и за исфрлување на вишокот вода од организмот. Покрај тоа, делува и противоспалително, па е идеална намирница за лицата кои страдаат од артритис и реума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП