25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЧасовник со префинети детали (фото)

Часовник со префинети детали (фото)

lkk1

„Technica Palm“ е уште еден префинет часовник кој го претстави швајцарскиот луксузен бренд „Parmigiani Fleurier“.

Овој часовник содржи турбион, календар и хронограф, во куќиштето кое е примамливо поради деталите „Grand Feu“, емајлот и гравурата на предниот и задниот дел. Бројчаникот и капакот од задниот дел се декорирани со сјајни мотиви од палмин лист, додека стрелките се проѕирни, што на овој часовник му дава допир на импресивна елеганција, иако тој самиот по себе е импресивен. Исто така, вреди да се спомене и задниот дел од часовникот кој може да се извади, така што ќе можете да видите како функционираат сите негови елементи, интегрирани во уникатниот механизам.

„Technica Palm“ има куќиште од бело злато, специјално дизајнирано за сите негови делови да имаат најдобра можна резонанца. Неговите два „катедрални“ гонга го обележуваат часот, петнаестините и минутите, со кристално чисти тонови, а тоа е еден од шармантните делови на овој часовник.

lkk2

lkk3

lkk4

lkk5

lkk1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП