29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook со апликација за бесплатни разговори

Facebook со апликација за бесплатни разговори

facebookphone

„Facebook“ апликацијата за „iPhone“ од сега можете да ја користите за бесплатен повик на вашите пријатели доколку сте во Северна Америка.

Најголемата светска друштвена мрежа ја објави верзијата 5.5 од апликациите на „iPhone“ и „iPad“ со што би овозможила повици меѓу корисниците во САД и Канада, што е еден чекор понапред на „Facebook Messenger“.

Со оваа апликација „Facebook“ очекува да ги задржи младите корисници, кои според најновите информации започнале да се оддалечуваат од „Facebook“ и да користат други сервиси, како што е „Instagram“.

Како и кај „Messenger“, корисниците ќе можат да ги пронајдат контакт-информациите од своите пријатели, па да можат да ги повикаат преку Wi-Fi или преку стандардните податоци на „Facebook“ апликацијата.

Новата верзија се одликува со подобрена интерфејс референца, па така прелистувањето, коментирањето и лајкувањето ќе биде уште побрзо и подобро. Сега останува на време кога овие работи ќе се префрлат од оваа страна на Атлантикот, па да бидат достапни и за корисниците од Европа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП